Валенсија има намера да го купи Денис Черишев кој насттапува во нивните редови , но е сопственост на Виљареал , објави венсикот „АС“.
Според информацијата, клубот од „Местаља“ ќе се обиде да преговара за помал износ од 7 милиони евра. Неговите главни аргументи се повредата на Денис Черишев и фактот дека на Виљареал не му е потребен.
Од Виљареал сеуште се немаат изјаснето за тоа дали ќе го продаваат Черишев, а од друга страна тренерот на Валенсија, Марчелино Торал сака да го задржи Черишев во својата екипа.
Оваа сезона, Денис Черишев учествуваше на 41 натпревар, а на нив успеа да постигне 4 погодоци и 5 асистенции, а притоа го освои и Шпанскиот куп, а ова беше прв негов трофеј во Шпанија иако 28-годишниот играч од средниот ред целата своја кариера ја помина во оваа Шпанија. Притоа успеа да ја освои Лигата на Шампионите со Реал и Лигата на Европа со Севиља.