Дефанзивецот на Милан, Матео Мусакио е трансферна цел на Валенсија. Шпанскиот клуб сака да ја засили својата одбрана и се определи за искусниот Аргентинец, кој е резерва на „Сан Сиро“.
Претставниците на Валенсија веќе започнале преговори со агентот на Мусакио и разговараат за различни опции за договор. Тековниот договор на дефанзивецот е до летото 2021 година. Во текот на сезоната тој има одиграно 18 натпревари за „росонерите“ во сите натпреварувања.
Во својата досегашна кариера, Мусакио играше за Ривер Плата и Виљареал. Тој беше играч на „жолтата подморница“ цели 7 години и со задоволство би се вратил во Шпанија односно во Ла Лига.