Фудбалерот, Енер Валенсија, кој досега ги постигна сите голови за Еквадор на Мундијалот во Катар, вели дека на вчерашниот меч со Холандија играл повреден.
„Малку ме боли, играв и покрај болките, се надевам дека до натпреварот против Сенегал ќе бидам подобро“ – потенцираше напаѓачот на Еквадор.
Неговата селекција и Холандија го делат првото место со четири бодови, Сенегал има три а Катар е последен без бод. Во последното коло во вторник, Еквадор ќе игра со Сенегал додека „лалињата“ ќе излезат на мегдан со домаќинот на Мундијалот.