Шпанскиот тим Валенсија, ја засили својата одбрана со десниот бек Тиери Кореја од Спортинг Лисабон со трансфер од 12 милиони евра, што може да достигне до 15 милиони евра со дополнителните бонуси.
Договорот за 20-годишниот репрезентативец на Португалија е направен меѓу двата клуба и ќе биде финализиран откако играчот ќе ги помине лекарски преглед.
Тиери Кореја е дел од младинската школа на Спортинг и забележа пет настапи за тимот на Спортинг Лисабон од почетокот на сезоната.