Италијанскиот тим Аталанта вечерва ја пречекува Валенсија во првиот осминафинален дуел меѓу овие два тима.
Гостите од Шпанија со многу проблеми допатуваа во Милано за да го одиграат овој натпревар. Тренерот на шпанскиот тим Алберт Селадес е во големи проблеми со играчкиот кадарзатоа што за мечот со тимот од Бергамо нема да смета на засилувањето Алесандро Флоренци, Езекиел Гарај, габриел Паулиста, Родриго, Франсис Коклан, ману Ваљехо и Кристиан Пичи. Неизвесно е враќањето на Јаспер Силесен, кој беше повреден.
Селадес во Милано на „Сан Сиро“ ќе се појави во улога на аутсајдер поради овие прблеми, а за средбата ќе може да смета од следните играчи: Доменек, Силесен, Риверо, Коста, Мангала, Диакаби, Гаја, Вас, Молина; Кондогбија, Гуедес, Солер, Парехо, Черишев, Феран, Макси Гомез, Гамеиро и Собрино.

