Првата понуда на Валенсија за напаѓачот на Вест Хем, Хавиер Ернандез Чичарито е во вредност од 8 милиони евра, пишува весникот „Марка”.
Популарните „Лилјаците“ го сакаат Мексиканецот и откако „чеканите“ категорично ја отфрлија можноста да го продадат за оваа цена, шпанскиот клуб ќе треба да преговара за трансфер сума.
Во оваа фаза, сепак, парите се под проценката која лондончани ја имаат за Чичарито, кој сметаат дека вреди меѓу 12 и 14 милиони евра, па на „Местаља“ ќе треба да го подобрат својот предлог.
Од Монако исто така го сакаат Чичарито, но во Вест Хем не брзаат да го продадат, бидејќи има нејасна слика околу иднината на Марко Арнаутовиќ, па Чичарито може да се покаже како единствена опција во нападот.
