Цеск Фабрегас е мета на интерес на неколку шпански клубови кои ова лето ќе се обидат да го убедат да се врати во Ла Лига. Како што објавија неколку шпански весници, интерес за Фабрегас има од екипите на Валенсија и Виљареал, кои преку свои скаути се обидуваат да преговараат со агентот на фудбалерот.
Изворите велат дека Валенсија има предност во обидите да го донесе фудбалерот за врска во својот тим, додека од Виљареал се обидуват да го убедат Цеск да се пресели кај нив со тоа што ќе му ја доверат клучната улога во екипата за следната сезона.
Актуелниот договор на Фабрегас со Чекзи е до следното лето, и ако Челзи сака да заработи нешто од неговото заминување мора да го продаде ова лето.