Фудбалерите на Реал Мадрид и на Пачука денеска ќе се сретнат во финалето на Светското клупско првенство или Интерконтиненталниот Куп. Мечот ќе биде одигран на стадионот –„Лусаил“ во Катар со почеток во 18.00 часот.
ФИФА се определи мечот да му го додели на судијата, Хозе Валензуела од Венецуела. Помошници ќе му бидат неговите сонародници Хорхе Урехо и Тулио Морено а четврти судија е Иван Бартон од Салвадор.
41-годишниот арбитар беше избран за број 1 во Јужна Америка во 2021 година. Тој се појави и на два меча на Мундијалот во Катар во 2022 година.

