Ваљадолид на својата официјална веб-страница го објави трансферот на поранешниот играч од средниот ред на Рен , Хатем Бен Арфа.
Шпанскиот клуб потпиша договор со 32-годишниот француски фудбалер, до крајот на оваа сезона. Ваљадолид го доби Бен Арфа, бидејќи шест месеци беше со статус на слободен агент. По трансферот, играчот се ракуваше со претседателот на клубот – легендарниот бразилски напаѓач Роналдо.
Бен Арфа е без клуб уште од минатото лето кога му истече договорот со Рен, во чии редови играше минатата сезона. Претходно, играчот од средниот ред играше и за Олимпик Лион, Марсеј, Њукасл Јунајтед, Хал Сити и ПСЖ. Од 2007 до 2015 година, Хатем Бен Арфа беше и дел од францускиот национален тим.