Агентот, Фурио Валкареџи, вели дека Марио Балотели кој во август ќе наполни 30 години треба да се повлече од фудбалот бидејќи повторно го привлече вниманието со неговото проблематично однесување.
Последните збиднувања во Бреша дефинитивно покажуваат дека италијанскиот тим не е задоволен од неговото однесување и затоа сака да му го раскине договорот. Валкареџи кој го осудува однесувањето на Балотели, вели дека дел од вината треба да преземе и неговиот агент, Мино Рајола.
„Мислам дека Рајола треба да прифати дел од одговорноста, бидејќи тој не му помага на Балотели да напредува“ – вели Валкареџи