Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, очекува голема поддршка од трибините на утрешниот меч со Мотор Запорожје, кој ќе биде решавачки за горниот дел на табелата.
„Ако имаме поддршка како што нормално добиваме во нашата сала, тоа ќе ни биде од голема помош. По враќањето на неколку повредени ракометари, добиваме на стабилност. Го вративме ритамот, дури и во поразот во Берлин видов добри работи“ –вели Валтер свесен дека со победа или реми неговиот тим ќе оди во наредната фаза а доколку се вклопат коцките може да заврши и на третото место во групата.
Утрешниот меч во салата „Боро Чурлeвски“ ќе го судат Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ од БиХ додека делегат ќе биде Емил Бешлија од Црна Гора.