Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, вели дека неговите избраници се подготвени за утрешниот меч на теренот на Архус во рамките на ЕХФ Европската лига.
„Последните два дена работиме со добар ритам. Видливо беше дека ни недостигаше такво темпо на претходните два меча. Патуваме во Данска со подигната глава, сакаме да одиграме добро и да донесеме бодови“ – вели Валтер.
Првиот меч во рамките од групата „Д“ одигран во Битола заврши со победа на данскиот тим.