Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави, вчера објави дека на крајот на сезоната ќе се прости од активно играње и дека полека ќе се насочи кон тренерските води. На тоа реагираше сегашниот предводник на шпанскиот шампион, Ернесто Валверде.
„Не знам дали е најдобриот играч, но, е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Мислам дека сите очекуваат Чави да биде добар тренер бидејќи има се што е потребно за да ја води Барселона или некој друг клуб“ – истакна Валверде.
Барселона која на 7 мај ја очекува реваншот со Ливерпул во полу-финалето во Лигата на шампионите, во текот на викендов во комбиниран тим ќе се појави на теренот на Селта Виго.