Повеќето членови на клубот сакаат Барселона да го продолжи договорот со Ернесто Валверде. Според „Мундо Депортиво”, анкетата направена во медиумите во Каталонија покажа дека поддршката на актуелниот тренер на Барселона е огромна. Повеќето од нив мислат дека Валверде треба да остане во тимот.
Продолжувањето на договорот со тренерот има поддршка од 80% од членовите. 18,33% мислат дека одлично ја извршува својата работа, 60,33% сметаат дека тој добро работи. 54-годишниот тренер е на чело на Барса од 2017 година.
Водејќи ја оваа екипа успеа да ја освои „Ла Лига„, „Купот и Супер Купот на Шпанија“, а оваа година приоритет ќе му биде и Лигата на шампионите.

