Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Валверде: Го подигнавме темпото и Интер не можеше да не следи
    Фудбал

    Валверде: Го подигнавме темпото и Интер не можеше да не следи

    risteBy riste03/10/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Два гола на Луис Суарез и помогнаа на Барселона да го победи Интер со 2:1 на „Камп Ноу“ и да ја запише својата прва победа во Лигата на шампионите во новата сезона.

    Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде зборуваше за квалитетот на ривалот, но не штедеше комплименти за неговиот тим, што одигра на високо ниво во второто полувреме.

    „Според мене, резултатот е заслужен, според тренерот на Интер веројатно не. Денес се соочивме со одличен тим, кој ја докажа својата класа во првото полувреме. Продолживме да ја баравме победата по лошиот старт и ги постигнавме головите што ни беа потребни“, рече Валверде.

    „Не случајно Интер има 6 победи од 6 натпревари во Серија А. Тие го постигнаа голот од својот прв опасен напад. Потоа направивме неколку измени, го зголемивме темпото и тоа беше голема разлика“, истакна тренерот на Барса.

    „Знаеме дека Меси е уникатен и е во состојба да го смени текот на секој натпревар. Тој не е во својата најдобра физичка форма, но постојано напредува. Видовме каква беше негова асистенција за вториот гол, па тој тешко да одигра лошо“, заврши Валверде.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.