Екипата на Барселона ја прекрши традицијата, а тоа нема да им се допадне на навивачите на „каталонците“.
За време на синоќешниот натпревар против Селта во Виго (2:2) во „Ла Лига“, тренерот на тимот Ернесто Валверде се определи да изведе стартен состав, а во него немаше ниту еден фудбалер, кој потекнува од фудбалската школа на Барселона – „Ла Масија”.
За последен пат тоа се случило пред 16 години – во април 2002 година во дуел против Реал Мадрид, кога тренер беше Карсел Рексач.
Од составот синоќа единствено беше Денис Суарез кој може да се каже дека има искуство во „Ла Масија”, но тој сепак потекнува од фудбалската школа на Селта.
Инаку пред 16 години Барса излезе на мегдан против Реал Мадрид во состав: Бонано, Рајцигер, Франк де Бур, Абелардо, Рочембак, Мота, Коку, Луис Енрике, Овермарс, Савиола и Клајверт.