Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, пред денешниот меч на теренот на Легањес во рамките на шампионатот на Шпанија, беше запрашан што мисли за изборот на ФИФА за најдобар фудбалер на светот.
На тоа искусниот тренер на средбата со новинарите одговорил дека секој има право да мисли како сака и да гласа како сака.
„Сега навистина не е време да ги споредуваме фудбалерите, но, за мене Лионел Меси е најдобриот. Модриќ е одличен фудбалер кој имаше фантастична година“ – потенцирал стратегот на Каталонците.