„Ел Мундо Депортиво“ тврди дека фудбалскиот состав Барселона ќе го отпушти Валверде по завршувањето на сезоната. Тој иако во февруари го продолжи договорот до 2020 година, во истиот постои клаузула дека клубот може да ја раскине соработката без да му плати отштета.
Според проценките тоа најверојатно ќе се случи а како главен кандидат да седне на клупата на „Камп Ноу“ се споменува името на селекторот на Холандија, Роналд Куман.
Покрај промената на тренерското место, весникот од Каталонија потенцира дека Барса ќе се засили со де Јонг кој е договорен но, во игра влегува и младиот Де Лихт исто така од тимот на Ајакс.