Играчот за врска на Реал Мадрид, Валверде, ќе биде надвор од терените околу еден месец, објавија шпанските медиуми.
Уругвајскиот играч за врска има повреда на скочниот зглоб на десната нога, која беше дијагностицирана денес. Вчера играчот за врска беше стартер во поразот од Валенсија со 1:4. Валверде ќе ги пропушти претстојните натпревари со Виљареал, Алавес и Севиља во Ла Лига, како и другите три натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите.
Каземиро и Еден Азар се ставени во карантин по позитивни тестови за коронавирусот.

