Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, мирно и без притисок, го очекува утрешниот реванш со Лион на стадионот –„Камп Ноу“ во рамките на 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Првата средба во Франција заврши 0-0.
„ Ние сме подготвени за голем меч. Знаеме дека ќе имаме поддршка од фановите. Реал Мадрид и Пари Сен Жермен испаднаа што претставува големо изненадување. Ние сериозно ќе влеземе во мечот против Лион “, коментира тренерот на Каталонците.
„Треба да бидеме внимателни, бидејќи Лион има многу моќни фудбалери во средниот ред и во нападот. Дембеле има повреда и ќе видиме дали ќе игра, не сакаме ништо да ризикуваме“ – вели Валверде.