Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Валверде: „Меси не побара да биде заменет“
    Фудбал

    Валверде: „Меси не побара да биде заменет“

    risteBy riste03/02/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека ѕвездата на тимот Лионел Меси не сакал да биде променет на синоќешниот натпревар со Валенсија, во кој тој ги постигна двата гола за својот тим.

    Меси ги „стресе“ Каталонците дваесет минути пред крајот на натпреварот кога почувствуваа болка во десниот бутен мускул и му требаше медицинска помош.

    „Не можам да кажам точно што е проблемот на Меси, ќе почекаме. Но претпоставувам дека не е нешто сериозно. Ќе видиме. Ако е во добра состојба, ќе игра на мечот од Купот против Реал. Лео не ми кажа дека сака да го сменам“, изјави Валверде.

    „Веројатно кај него станува збор за лесна повреда. Докторите ќе го кажат својот збор. Потоа ќе процениме каква е ситуацијата. Во моментов навистина не можам да ви кажам ништо. Што се однесува до натпреварот, првото полувреме беше многу чудно. Валенсија започна многу добро и постигна два гола, но потоа ние доминиравме. Имавме чувство дека можеме да дојдеме до гол и до пресврт, но не успеавме да направиме целосен пресврт“ истакна Валверде.

    Според најавата се очекува денес Меси да направи детални прегледи по што ќе се знае сериозноста на повредата и дали ќе биде во можност да настапи на средбата со Реал Мадрид која се игра во среда.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони

    04/12/2023

    Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“

    04/12/2023

    Оли Воткинс стана третиот играч покрај Халанд и Салах кој постигнал 20 голови во Премиер лигата во 2023 година

    04/12/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони
    • Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“
    • Оли Воткинс стана третиот играч покрај Халанд и Салах кој постигнал 20 голови во Премиер лигата во 2023 година
    • Само Ливерпул и Тотенхем заминаа непоразени од „Етихад“ во 2023 година
    • Фернандез постигна гол за Челзи по 43 упатени удари кон противничките голови
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.