Тренерот на Барселона Ернесто Валверде не дава големо значење на тоа кога точно и каде Барселона ќе ја обезбеди новата шампионска титула.
Барселона го победи Алавес со 2:0 и уште вечерва може да ја обезбеди и теоретски 26-та титула, ако Атлетико Мадрид загуби на домаше терен од Валенсија.
„Победата над Алавес не доближи до титулата. Ќе видиме како ќе игра Атлетико, но за нас не е толку важно во кој момент ќе си ја обезбедиме титулата. Важно е дека ќе станеме шампиони, што е доста тешко во првенство како шпанското. Атлетико ќе се бори до крај, тоа ни е познато. Уште на паузата планиравме Меси да влезе во игра, бидејќи резултатот беше 0:0. Му дадовме одмор и тој влезе во второто полувреме, за да ни даде поддршка”, коментираше Валверде.