Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде на официјалната прес-конференција пред денешниот реванш меч против Ливерпул од Лигата на Шампионите го искажа своето размислување дека неговата екипа се уште не обезбедила финале.
„Резултатот нема да влијае на нас. Треба да играме на ниво и во реваншот, како го направивме тоа на првата средба. Секоја недисциплина може да доведе до големи грешки. Ќе биде тешко, бидејќи навивачите на стадионот ќе го мотивираат многу Ливерпул. Секој од двата тима си има свој стил на игра. Понекогаш постојат моменти кога треба да се браниме, но понекогаш топката едноставно не запира да лета од една половина во друга. Треба да напаѓаме. Тоа е нашата филозофија, сакаме да играме напаѓачки. Ќе се сретнеме со голем ривал, но Ливерпул може да не елиминира, ништо не е познато, тие се многу силни и досега загубија само една средба во Премиер Лигата” изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валвереде.