Петтото место на Лионел Меси на конечната листат за наградата – „Златна топка” на „Франс фудбал“ е апсурдно, изјави тренерот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Ернесто Валверде.
Познато е дека вредното признание заврши во рацете на Лука Модриќ кој собра 753 гласа пред Кристијано Роналдо со 476 и Антоан Грзиман кој доби 414 гласа.
„Нема да дискутирам за одредени недоследности во гласањето за наградата. Честитки за Модриќ, но, петтото место на Меси е апсурдно” – рече Валверде пред новинарите.
Ќе потсетиме дека Лионел Меси е рекордер кога станува збор за наградата – „Златна топка“ . Аргентинскиот ас ја има освоено дури пет пати во последниве десет години.