Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, проценува дека претстојниот судир со Манчестер Јунајтед во 1/4-финалето во Лигата на Шампионите ќе биде вистинска класика. Каталонците како гости немаат победа против „црвените ѓаволи”, но, успеаа да ги победат два пати во финалните мечеви во елитната конкуренција.
„Тие се моќен тим. Во моментов се наоѓаат во добра форма иакого загубија последниот натпревар во првенството. Физички се многу силни и знаат како да го притиснат противникот. Имаат многу моќни играчи кои можат да бидат опасни. Тоа е класичен судир во европскиот фудбал. Барселона нема победа на „Олд Трафорд”, но ние ќе се обидеме да го промениме тоа “, -изјави Валверде.
Првиот дуел меѓу двата тима ќе биде одигран во Англија на 10 април додека реваншот е закажан на „Камп Ноу”.