Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде даде краток коментар за повредата на Лионел Меси. Каталонската ѕвезда се врати во стартниот состав на Барселона, но одигра само 45 минути во победата над Виљареал (2:1), по што беше заменет.
„Меси почувствува непријатност во бутниот мускул. Одлучивме да го замениме, но мора да почекаме за да знаеме каква е точно неговата состојба. Победата е чекор напред за нас, особено по лошите резултати на гостински терен”, рече Валверде.
Антоан Гризман беше задоволен од голот, кој го постигна на мечот со Виљареал.
„Имавме тежек период, но треба да започнеме да играме подобро. Ние ќе продолжиме да работиме и сè ќе биде добро. Има нови играчи во тимот и треба време да се направи синхронизација. Сè уште не сме во оптимална форма. Тоа ќе се случи наскоро.Во Барса стилот на игра е различен од оној на Атлетико Мадрид. Покрај тоа, тука играм на различна позиција. Знаев што ме чека, но со секоја наредна средба ќе играм подобро. Јас постигнав три гола, но работам и за тимот и ако постигнам гол или помогнам со асистенција тоа е подобро“, изјави Гризман.