Тренерот на Барселона Ернесто Валверде даде јасна слика за состојбата на централниот дефанзивец Семјуел Умтити кој има проблеми со сериозна повреда на коленото.
Светскиот шампион со Франција не тренира со првиот тим, туку го прави тоа сам. Никој не знае колку долго ќе трае неговото опоравување и колку е сериозна повредата.
Пред неколку недели стана јасно дека недостасува дел од р‘скавицата во коленото, но тоа се среќава кај доста постари фудбалери. Токму таков беше случајот со поранешниот капитен на Барса Карлес Пујол, кој дури беше принуден да ја прекине кариерата.
„Семјуел тренира и продолжува со рехабилитацијата. Изгледа добро, но не знаеме кога ќе се врати. Можам да ви кажам 2-3 недели, но навистина не знам кога точно. Се надевам дека тој ќе се врати што е можно побрзо. Не сум загрижен за неговата повреда “, рече Валверде.
Како што е познато, поради повредата на Умтити, Барса овој месец го привлече Џејсон Муријо со позајмица од Валенсија.