Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рече дека ѕвездата на тимот, Лионел Меси, се чувствува многу добро и го одработил совршено денешниот тренинг.
Како што е познато, Аргентинецот почувствувал болка во ногата по еден удар на мечот со Валенсија.
„Тој е многу добар, денес совршено трениреше, не можам да кажам повеќе, затоа што е добар”, изјави Валверде за состојбата со Меси. Што се однесува до состојбата на Самуел Умтити, тој одговори: “Тоа е поинаков случај. Мораме да видиме не само како да се опоравил, туку и во каков ритам е, но нема да брзаме” додаде Валверде за сосојбата на овој фудбалер.