Фудбалерите на Барселона доцна вечер во 21.00 часот ќе гостуваат кај Борусија Дортмунд во стартното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Тренерот, на шпанскиот состав, Ернесто Валверде, за првпат во сезонава ќе може да го стави на теренот рековалсцентниот, Лионел Меси, кој најверојатно нема да игра од првата минута. На клупата до него треба да остане и 16-годишниот Ансу Фати, кој воодушеви со неговите партии на стартот на сезоната.
Шпанските медиуми денеска го објавија составот за мечот со „милионерите“ под услов да не се случат промени во последен миг. Тоа значи дека за Барса треба да започнат од првата минута: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Артур, Гризман, Суарез и Фати.