Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рече дека може да ги напушти Каталонците по крајот на сезоната.
„Не знам што ќе правам следната сезона, никогаш не мислам премногу далеку во иднина, два месеци – тоа е многу долг период”, рече Валверде во интервјуто за клубската телевизија.
„Секојпат по победата, јас сум среќен, но по поразот секој го гледа тренерот, сакам сите да уживаат во сопствената работа, а ако не ја освоиме титулата, сите ќе бараат виновник”, додаде Валверде.
Овој тренер седна на клупата на Барселона пред почетокот на сезоната 2017/2018. Под негово водство, каталонците ја освоија титулата, купот и супер-купот во Шпанија. Во моментов Барселона е на врвот во „Ла Лига“ со 37 поени во 17 натпревари. Дали оваа изјава на Валвереде најавува негово заминување од екипата на Барселона доколку не успеат да ја одбранат титулата во шпанската елита.