Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк заработи повреда пред крајот од натпреварот против Тотенхем кој неговата екипа го доби со 2:1.
Тој се судри со Муса Сисоко во 85-та минута, но успеа да го доигра натпреварот и во екипата на Ливерпул се надеваат дека не е повреден сериозно.
„Не знам дали тој го удри или го сврте зглобот. Јас само видов дека на зглобот на мојот играч имаше мраз, кога тој даваше интервју. Во моментов не знам каква е неговата состојба, но се надевам дека проблемот не е сериозен “, рече Јирген Клоп веднаш по натпреварот.
Холанѓанецот, сепак, се обиде да ги смири навивачите и соиграчите.
„Јас го повредив зглобот, но мислам дека не е многу тешко, иако ме боли. Сепак, мислам дека ќе бидам во составот за следната средба”, рече Ван Дајк.
Ливерпул својата следна средба ќе ја игра против Саутемптон и тоа на гостински терен, мечот ќе се игра во петок на 5 април, а домашната екипа се бори за опстанок.