Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ги коментираше лошите резултати на клубот во последно време. „Црвените“ загубија шест од последните седум натпревари.
„Нема потреба да ми кажуваш што се случува во последно време. Нашите резултати и игра не се доволно добри. А сега треба да ја покажеме нашата најдобра страна и да најдеме излез од оваа тешка ситуација. Можам да ве уверам дека сите во оваа соблекувална го разбираат предизвикот со кој се соочуваме. Сите работиме напорно колку што можеме за да ја свртиме ситуацијата. На никој од нас не му се допаѓа она што се случува, но верувајте ми – имам целосна доверба во квалитетот и карактерот на овој тим. Ја гледам секојдневната работа и способност на играчите. Сега мора да излеземе на теренот и да покажеме сè. Секој, вклучително и мене, мора да даде сè од себе“, рече дефанзивецот на Ливерпул.

