Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк по вчерашната победа над Челзи и освојувањето на Лига Купот на Англија, им го посвети трофејот на сите навивачи на „црвените“.
„Ова беше за навивачите. Да славиме! Натпреварот беше тежок за двата тима. Свои шанси имаше и противникот. Ова е прв трофеј за мене како капитен. Горд сум што сум дел од овој клуб. Горд сум и на момчињата“, изјави возбудениот Ван Дајк по натпреварот.
За Ливерпул ова беше 10-ти трофеј во ова натпреварување што е и рекордно постигнување.