Откако веќе беше избран за играч на годината од страна на Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Англија и ја освои наградата за најдобар фудбалер во Премиерлигата, денес Вирџил ван Дајк заработи уште една клупска награда во Ливерпул.
Холанѓанецот беше прогласен за број 1 во текот на сезоната од навивачите на Ливерпул и неговите соиграчи. Во анкетата на навивачите во која гласаа над 115 000, централниот дефанзивец собра 46.8% од гласовите и го остави зад себе Мохамед Салах (23.9%), Садио Мане (11.3%), Трент Александар-Арнолд и Ендрју Робертсон завршија на четвртото и петтото место.
Голот на Мохамед Салах во Челзи во април беше избран како гол на сезоната. На второ место остана голот на Мане против Баерн (Минхен), а на трето место беше рангиран погодокот на Даниел Стариџ на гостувањето кај Челзи на почетокот на сезоната.

