Вирџил Ван Дајк кој имаше блескави настапи во дресот на актуелниот бранител на тронот во Лигата на фудбалските шампиони, Ливерпул, е прогласен за играч на годината во изборот на УЕФА.
Стоперот на „црвените“’ и на селекцијата на Холандија успеа да ја добие трката со Лео Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Јувентус) кои му беа главните конкуренти во најтесниот избор. Ван Дајк исто така ја подигна и наградата за најдобар дефанзивец во Лигата на шампионите додека неговиот клупски колега, Алисон Бекер, беше проглaсен за најдобар голман.
Френки Де Јонг кој играше за полуфиналистот Ајакс а сега направи трансфер во Барселона, ја прими нагрдата за најдобар играч во средината на теренот додека Лионел Меси од Барса е прогласен за најдобар напаѓач