В пресрет на утрешното градско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, играчот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, верува дека четата на Солскјер може да ги совлада „граѓаните“ и на тој начин да му помогне на неговиот состав да има отворен пат кон титулата во Премиер лигата.
„Тие треба самите да си направат услуга бидејќи се борат за ЛШ и потребен им е добар резултат“ – рече Холанѓанецот.
Јунајтед ги посакува бодовите за да остане во трката за место што води во ЛШ додека на Сити му требаат за титулата во Премиер лигата.