Стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, ќе добие продолжување на договорот до јуни во 2027 година, наведуваат денеска медиумите во Англија.
Холанѓанецот кој на времето беше купен од Саутемптон, се претвори во централна фигура на „Енфилд“ и стана вистински миленик на навивачите.
Неговата тековна соработка со „црвените“ требаше да заврши во наредното лето но, управата одлучи да го задржи на подолг период во клубот.

