Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, призна дека тимот играл лошо во првото полувреме од мечот за Европскиот Суперкуп против Челзи, но потоа доминирал и заслужено победиле. Ливерпул го доби натпреварот по подобро изведување на пенали, а по мечот Ван Дајк истакна дека екипата може да игра подобро.
„Натпреварот беше одличен за гледачите, но беше многу тежок и за двата тима. Челзи играше добро и на моменти покажуваше одличен квалитетен фудбал. На почетокот на второто полувреме ги исцедивме и почнавме да создаваме шанси. Ние претходно направивме многу грешки, нашите линии беа скршени. Треба да ја научиме лекцијата од оваа средба“, коментираше Ван Дајк.
„Пред натпреварот, Адријан ми рече дека се може да се случи на натпреварот и дека победникот може да се реши по пенали.Му кажав на Адријан дека може да стане херој на вечерта. И стана. Среќен сум за него и за тимот “, додаде холандскиот репрезентативец.