Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк кој беше еден од најзаслужните за освојувањето на Лигата на шампионите во изминатата сезона и кој беше прогласен за играч на годината од страна на УЕФА, доби уште едно признание.
Дефанзивецот на „црвените“ го имал најбрзото движење на теренот откако на дуелот со Барса остварил брзина од 34.5 километри на час. Тоа е побрзо од Сане, Вокер или Бејл, кои се препознатливи токму со нивната брзина.
Како пример е посочен стартот на Сане на мечот со Хофенхајм кога достигнал брзина од 34,4 километри на час.