Централниот дефанзивец и капитен на Ливерпул, Вирџил ван Дајк изјави дека е во преговори со клубот за нов договор.
„Можам да кажам дека очигледно разговорите се во тек, но не знам, ќе видиме што ќе се случи во иднина.
Целосно сум фокусиран на Ливерпул, сакам да победувам на претстојните натпревари и ништо друго не ми го одзема вниманието. Сè уште не знам што ќе се случи во иднина. Можам само да кажам дека разговорите почнаа и ќе видиме“, изјави Ван Дајк за „ЕСПН“.
Да потсетиме, договорот на Ван Дајк истекува на крајот од оваа сезона. Исто така, завршуваат постоечките договори на уште двајца клучни играчи на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах.

