Дефанзивецот на Ливерпул Вирџил ван Дајк во пресрет на финалето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид го сподели своето мислење за напаѓачот на мадридскиот тим Карим Бензема.
„Навистина уживав додека го гледав Бензема оваа сезона – тој има многу силни страни. Очигледно тој не е целиот тим, но покажува извонредна игра. Тој дава голови, тој е лидер на Реал Мадрид. Карим е исклучително важен за тимот од Мадрид. Но, јас сум добар играч, па со нетрпение го очекувам овој предизвик со останатите играчи на Ливерпул. Да видиме што ќе донесе“, изјави Вирџил ван Дајк.
Вечерва, Ливерпул ќе игра во финалниот натпревар од УЕФА Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Средбата ќе се одигра на Стад де Франс во Сен Дени (Франција). Натпреварот започнува во 21:00 часот, а актуелен бранител на титулата е Челзи.