Холанѓанецот во Ливерпул, Вирџил ван Дајк по вчерашната победа против Вест Хем постави рекорд во Премиер –лигата.
Дефанзивниот фудбалер го забележа 60-от меч без пораз на „Енфилд“ и го помина Лиј Шарп од Манчестер Јунајтед кој во текот на 90-те години имаше 59 мечеви без да ја почувствува горчината на поразот на „Олд Трафорд“.
Ван Дајк го облече дресот на „црвените“ во 2018 година.