Централниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк упати многу пофалби за соиграчот Луис Диаз.
Холанѓанецот изјави дека Диаз кој на „Енфилд“ пристигна од Порто е неверојатен фудбалер и има голем потенцијал.
„Тој е неверојатен играч. Има голем потенцијал. Сигурно ќе се врати посилен од повредата. Веќе е на врвот со Алисон, Фирмино и Фабињо на кои многу години им оди одлично“, прокоментира Ван Дијк.
Тимот на Јирген Клоп вечерва на домашен терен го пречекува гостувањето кај Лидс во натпревар каде трите бода се од најголема важност.