Холандскиот фудбалски интернациоанлец во редовите на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, влегува во радарот на италиајнските Јувентус и Интер, објавија медиумите на „Чизмата.
Тој во изминатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но, не успеа да се наметне кај тренерот Оле ГУнар Солскјер, кој главно го држи на клупата за резерви.
Затоа неколку клубови ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да го ангажираат на позајмица во јануари со можност да го откупат неговиот договор.