Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек сака да го напушти тимот уште во јануари.
Холанѓанецот беше фрустриран на континуираното греење на клупата бидејќи воопшто не се појави и во последниот меч на Јунајтед и троиумфот над Виљареал во Лигата на шампионите.
Поранешниот играч за врска на Ајакс сака да има повеќе минутажа и затоа разговарал со клупското раководство да му биде дозволено да замине од „Олд Трафорд“ што е можно поскоро.