Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ван де Бек сака да го смени „Олд Трафорд“ со „Сантијаго Бернамбеу“
    Фудбал

    Ван де Бек сака да го смени „Олд Трафорд“ со „Сантијаго Бернамбеу“

    risteBy riste24/10/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е уморен од чекање шанса да се пробие во првиот тим на „црвените ѓаволи“. 24-годишниот Холанѓанец веќе бара нов клуб за продолжување на кариерата. Интересно, тој се сврте кон Реал Мадрид, тврдат одредени медиуми во Англија.

    Ван де Бек никогаш не можеше да го убеди Оле Гунар Солскјер почесто да биде во составот на Манчестер Јунајтед. Минатата сезона одигра само 19 натпревари во Премиерлигата, а од почетокот на тековната сезона забележа скромни 6 минути на теренот. Затоа Холанѓанецот веќе гледа кон излезната врата на „Олд Трафорд“.

    Тој му наложи на својот агент да се обиде да договори трансфер во Реал Мадрид. Од друга страна Реал Мадрид имаше интерес за Ван де Бек пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Сега играчот се надева дека интересот сеуште постои. Холанѓанецот верува дека може да се бори за поголема минутажа на „Сантијаго Бернабеу“, особено доколку се оствари планот да си заминат Иско и Дани Себаљос.

    Од друга страна, конкуренцијата во средниот ред на Реал Мадрид останува доста сериозна, особено по доаѓањето на Едуардо Камавинга, кој стана миленик на Карло Анчелоти.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.