Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Едвин Ван дер Сар, објави дека планира да остане во Ајакс и нема да ја превземе улогата на технички директор во англискиот клуб Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ бараат човек за оваа позиција, а желба на раководството е добро да ја познава културата на клубот, но Холанѓанецот не е заинтересиран за понудата која ја добил моментот.
„Ми се допаѓа да работам во Ајакс. Јас сум извршен директор таму и моја работа е да го вратам клубот на највисоко ниво во Европа. Минатата сезона бевме во можност да дојдеме до врвот и сега треба да го сториме тоа за да го задржиме истото ниво”, изјави Ван дер Сар пред англиските медиуми.