Селекторот на холандската репрезентација Луис ван Гал се прости од играчите по болниот пораз во четвртфиналето на Светското првенство.
„Лалињата“ загубија од Аргентина на пенали, а по натпреварот Ван Гал потврди дека се повлекува и од новата година ќе биде заменет со Роналд Куман.
„Не се чувствувам поразен, се разделувам со одличен, многу здружен тим. Бев тренер 20 натпревари и не загубивме ниту еднаш“, изјави Ван Гал на прес-конференцијата по натпреварот.
Куман се враќа на чело на Холандија, откако претходно го водеше тимот во периодот 2018-2020 година. Најдоброто достигнување на „лалињата“ под водство на Куман е финалето на Лигата на нации на УЕФА за сезоната 2018/2019.