Луис ван Гал даде интересно интервју во кое не ја отфрли можноста да преземе друг национален тим, и покрај тоа што се повлече од функцијата на чело на Холандија по нивната елиминација на Светското првенство во Катар и рече дека става крај на својата тренерска кариера.
„Не сум флертувал со Белгија. Добив прашање и морав да одговорам. Истото со Португалија. Сега сум во пензија, но ако ми се јават, ќе ја разгледам понудата. Тоа можам да го кажам“, прокоментира 71-годишниот Ван Гал.
Искусниот стручњак ја одведе Холандија до 1/4-финалето на Мундијалот, но таму „лалињата“ беа елиминирани по изведувањето на пенали од страна на идниот шампион Аргентина. Белгија бара нов селектор по отказот на Роберто Мартинез, додека Португалија го отпушти Фернандо Сантош и федерацијата работи на пронаоѓање на неговиот наследник.