Агентот и сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, зборуваше по трансферот на играчот во ПСЖ за целата ситуација околу него во Интер во месеците пред неговиот трансфер во францускиот клуб.
„Мауро и Интер беа многу поврзани, но односто се влоши откако од Интер се одлучија да направат потег со кој покажаа недоверба кај Мауро. Тој и понатаму имаше желба да игра за Интер, никогаш не му недостасуваше желба за игра и љубов кон навивачите. Сепак на крајот свативме дека Интер го направил тој потег со одземање на капитенската лента за да може да го продаде Мауро. Во Интер беше потребен трансферот на Икарди. Мауро никогаш не би го напуштил клубот како капитен. Му беше одземена лентата за да го продадат, тоа беше нивната стратегија. Минатата година тој одби да се префрли во друг тим. Тој им одговори: „Јас сум капетан и нема да заминам“. Од тој момент се беше променето меѓу клубот и Мауро“ изјави Ванда Нара.